Криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против скопјанец на возраст од 52 години и 28-годишник од неготинското село Тремник под сомнение дека сториле седум кривични дела, од кои три „одземање на моторно возило“, три „тешка кражба“ и едно „тешка кражба во обид“.

Како што информираат од МВР, пријавените ги извршиле делата во Струга во периодот од 03. јули до 25. август годинава.

Тие од дворови на семејни куќи одземале моторни возила, а тешките кражби ги вршеле во маркети.

На тој начин пријавените предизвикале штета од 569.000 денари.