На бензиска пумпа на скопскиот булевар Гоце Делчев вчера избувнала расправија, што потоа прераснала во физичка пресметка во која бил употребен и нож.

Во тепачката учествувале 28-годишник од Скопје и 30-годишник од скопското село Страхојадица, при што селанецот со нож му нанел повреди на момчето.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.