Скопјанец на возраст од 46 години изутринава загина од струен удар додека стоел качен на цистерна на железничката станица Илинден.

Случајот е пријавен во СВР Скопје од каде е утврдено дека станува збор за 46-годишниот М.Б. од Скопје.

На местото на настанот се излезени екипи на СВР Скопје, Територијалната противпожарна бригада и Итната медицинска помош.