Полицијата трага по скопјанец кој го избол со нож својот колега, во фирма во селото Миладиновци. Како што соопшти МВР, настанот се случил синоќа.

Во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен Б.Л.(38) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека повредите му ги нанел неговиот колега Ш.Ш. од с.Свиларе, скопско, во фирмата во која работеле во с.Миладиновци, Скопско.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.