Полициски службеници на СВР Тетово, на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, го привеле В.Ф.(37) од скопско Студеничани, по кого била распишана потерница за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.

При приведувањето на В.Ф., кој се обидел да избега, еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух. В.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.