На подрачјето на Скопје синоќа при сообраќајни контроли откриени се 232 возачи под дејство на алкохол. 

– Во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23 до 05 часот на 21/22.04. беа извршени контроли на 1.101 возачи. Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани беа прекршоци по основ на сообраќајната регулатива – велат од МВР.

Претходно, при акциски контроли на подрачјето на Скопје во периодот меѓу 20/21 април биле контролирани 1.234 возачи при што 726 возачи се алкотестирани, а кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество.

Констатирани се и други 252 сообраќајни прекршоци.