Околу три часот по полноќ, во скопската полиција синоќа била пријавена тепачка кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје.

Како што информираат од МВР, во тепачката од едната страна учествувале три лица на возраст од 32, 19 и 20 години и двајца 36-годишници од другата страна, сите од Скопје.

Полицијата реагирала на местото на настанот, а против учесниците во тепачката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.