Името на вториот возач на опожарениот автобус на бугарскиот автопат „Струма“ е Кадрим Мемеди. Неговиот син Бесар за БНТ изјавил дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење. Не возел, но не е потврдено. Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома.

Татко му имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели синот.

Бесар тврди дека „Беса транс“ има сервис и во Турција. Татко му заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.

Кадрим во петокот оттаму му се јавил на синот. Како што вели синот, Кадрим во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства ниту со гориво. Автобусите биле стари 3 години и технички исправни.

Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, има едно лице што не е на списокот за патници на „Беса транс“, а тоа е Шади Науфал Салех.