Ноќеска во 45 минути по полноќ, на улица „Сава Ковачевиќ“ (зад Општата Болница) во Куманово, силна детонација ги вознемири граѓаните кои што живеат во реонот, околу болницата, но и пошироко, дури и до кумановската Сокалана која што се наоѓа на другиот дел од градот.

Неофицијално дознавме дека во експлозијата настрадало возилото на познат кумановски бизнисмен и советник, кое во моментот на експлозијата било пред неговата семејна куќа. Т.Д.