Фото: Илустрација

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар.

Несреќата се случила вчера во 15.40 часот додека на местото викано „Три тополи“, В.М.(19) и В.Ѓ.(56), местеле мрежи во реката, кога В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.

Вечерта тој бил понајден и извлечен од реката, а од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.