По триесет минутна потрага од водите на Охридското езеро попладнево е извлечено безживотно машко тело. Момчето скокнало од педалинка и повеќе не излегло од водата.

Несреќата се случила во близина на Хотелот „Магнус“. И покрај обидите за реанимација, спасувачките екипи и полицијата не успеале да го спасат момчето.

Се уште се работи на идентификација на телото.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски информира дека на местото на настанот ќе биде извршен увид, кој треба да ги утврди причините за трагедијата.