Шест луѓе се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладнето на автопатот Мајка Тереза, во атарот на с.Буковиќ.

Во несреќата учествувале автомобил „фиат сеиченто“, управувано од А.Д.(43) од с.Трубарево, скопско, автомобил „фолксваген голф“, управувано од А.С.(26) од с.Ново Село, тетовско и товарно возило „пежо бипер“, управувано од Ј.Д.(44) од Скопје.

Во незгодата тројцата возачи, како и сопатничката во товарното возило „пежо бипер“, Е.Р.(36) од Скопје, се здобиле со повреди. Ј.Д. и А.Д. се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека А.С. и Е.Р. се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.