Сообраќајна незгода помеѓу возило „мерцедес спринтер комби“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(32) од Струмица и трактор „имт-539“, со штипски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(78) од с. Чардаклија, се случила вчера на магистралниот пат Штип-Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Н., кој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.