Една патничка е тешко повредена при сообраќајна несреќа меѓу автомобил, камион и автобус. Нереќата се случила вчера во 16 часот во Скопје, на булеварот ,,Партизански Одреди“ во близина на крстосницата со булеварот ,,8-ми Септември“.

Во сообраќајна несреќа учествувало возило ,,ландровер“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ч.(58) од Скопје, товарно моторно возило ,,ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Н.(42) од с.Страчинци-Скопско и автобус „евобус“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.П.(47) од с.Сарај-Скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила патничка во автобусот С.Ј.(67) од Скопје, на која и била укажана лекарска помош во Градската општа болница ,,8-ми Септември“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.