На патот Битола-Ресен се случи тешка сообраќајна несреќа, во која патничко возило марка „мерцедес“ излета од патот и неколку пати се преврте.

Според неофицијални информации „мерцедесот“ е речиси целосно уништен, а повредени се две лица кои биле во патничкото возило.

За среќа повредените во оваа сообраќајка не се животно загрозени и тие се наоѓаат во Клиничката болница во Битола каде им се укажува помош.

Засега не се знае како дошло до превртувањето на патничкото возило, но според засега непотврдени информации, возачот на „мерцедесот“ изгубил контрола и излетал од патот, по што неколкупати се превртил. М.М.