Фото: Илустрација

Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи во Охрид.

Автомобил со охридски регистарски таблици заврши на кров.

Според првичните информации од СВР Охрид, лесно повреден е само возачот.

Сообраќајката се случи кај населбата Рача, на излезот од Охрид, во близина на бензискта пумпа кај Билјанини извори.

Увидот кој е во тек, покажува дека возилото се излизгало, велат од СВР Охрид, но, откако целосно ќе заврши, ќе се знаат и точните причини.