Автобус, во кој бил само возачот А.М. (46) од Струмица, се преврте вечерва околу 18:30 часот на патот од селото Василево кон селото Пиперево. А.М. со возило на итната медицинска помош е пренесен во болницата во Струмица, но според првичните информации нема посериозни повреди и е задржан на лекување и наблудување.

Несреќата ја потврдија од СВР Струмица, од каде информираат дека автобусот излетал од коловозната лента и се превртел.

Причините поради кои дошло до превртувањето засега се непознати, а екипа на СВР Струмица изврши увид на местото на несреќата.

Поради истекување на нафта од автобусот на местото на несреќата интервенирало и едно противпожарно возило со тројца пожарникари на ТППЕ Струмица.