Млада жена била донесена во бессознание синоќа во болница, а средовечен маж утрово се обесил во шупа.

Димитар Каракулев, инспектор за превенција при Полициска станица од општа надлежност Кавадарци, за МИА потврдува дека едно лице синоќа било донесено во болница во бессознание, а друго пронајдено утринава мртво во шупа.

Но рече дека не може да даде повеќе информации за случаите, бидејќи се работи на нивно расветлување.