Фото: Игор Бансколиев

Здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски е во фокусот на вниманието на почетокот од судењето за „Рекет“.

Боки 13 се жалеше на здравствени проблеми при доаѓањето во Судот, но тој, како и неговиот адвокат, тврдат дека се појавиле на судењето и покрај влошената здравствена состојба, со цел да не го одолговлекуваат процесот. Јовановски, сепак, побара да се одложи првото рочиште за „Рекет“, бидејќи како што рече не е свесен, не е контактибилен, повраќал повеќе пати утринава и не е во можност да го следи судењето.

Обвинителката Вилма Русковска и лекарите, пак, инсистираат, дека Јовановски е во добра состојба и може да присуствува на судењето. Лекарите посочија дека Јовановски примил терапија, што неговата одбрана го негира.

– Бидејќи лекарите од „8 Септември“ потврдија дека Јовановски е во добра здравствена состојба, јас сум сигурна дека е така. Ниту еден доктор не би ја ризикувал својата кариера и лиценца, доколку не стои зад она што го навел и потпишал. Сметам дека тие само сакаат да ја одолговлечат постапката – категорична е Русковска.

Судот одреди 20-минутна пауза за лекарите да го прегледаат Јовановски. С.Ку.