Во скопската населба Карпош, на улицата Рузвелтова се запалил стан на петиот кат над кафулето Рузвелт.

Според првичните информации, пожарот почнал во кујната каде станарите готвеле, а потоа ги зафатил и другите соби.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот пред да се прошири во зградата, но станот е целосно уништен.

Во пожарот нема повредени.