Утринава околу 10 часот на регионалниот пат Кичево – Туин, избувнал пожар во комбе за дистрибуција на леб и бели печива. Пожарот бил изгаснат по брзата интервенција на екипа на ТППЕ Кичево.

– Околу 10 часот утринава примивме дојава за пожар во комбе што дистрибуирало леб на регионалниот пат Кичево – Туин, во близина на бензиската пумпа и ресторанот „Гара“. По брзата интервенција на нашата екипа, пожарот е изгаснат. Најважно е што нема човечки жртви, а материјалната штета и причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат – рече Горан Соколески од ТППЕ Кичево. З.А.