Фото: илустрација

Рано утрово, педесетина минути по полноќ, во Полициската станица во Гевгелија било пријавено дека на автопатот Гевгелија-Скопје, кај клучката „Смоквица“ избил пожар во патничко возило „БМВ Х5“ со косовски национални ознаки кое се наоѓало во движење, а било управувано од лицето А.Р (47) од Косово.

Опожареното возило било изгаснато со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија.

Повредени лица нема, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.