Во скопската полиција во раните утрински часови на 2 септември бил пријавен пожар, кој избувнал во автомобил на улицата „Беласица“.

Според пријавата, пожарот настанал во возило „крајслер“, а од огнот биле делумно зафатени и уште два други автомобила – „мазда“ и „ауди“.

Во инцидентот повредени лица нема, а полицијата извршила увид на местото на настанот.