Околу 19.30 часот вечерва се запали автомобил марка „пежо” во движење на стариот пат Струмица-село Добрејци, информираат од ТППЕ Струмица.

Загинати и повредени нема, а причинета е поголема материјална штета.

Пожарот на автомобилот е изгаснат по интервенција на струмичките пожарникари.