Градски автобус на ЈСП-Скопје што сообраќа на линијата „24“ претпладнево се запалил на постојка во Кисела Вода.

Пожарот настанал од инсталацијата. Возачот интеревенирал за да го изгасне пожарот, но повикал и екипи од Противпожарната служба. Повредени нема.

Автобусот бил од постаро произвопдство од марката „МАН“ дел од возниот парк на ЈСП.