Утрово околу 09,20 на магистралниот пат Гостивар-Кичево се запали автобус кој се движел кон Охрид, а е управуван од К.М.(51) од Скопје.

Автобусот се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници.

Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.