фото: Илустрација

Полицијата соопшти дека вчера околу 04:15 часот во СВР Скопје, Ф.С.(29) од Скопје пријавил дека слушнал експлозија, по што забележал дека пред зграда на подрачјето на Чаир избил пожар во неговиот автомобил „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки. Од пожарот се зафатени и автомобил „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Т.(50) од Скопје и автомобил „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Р.(38) од Скопје.
Екипа на Бригадата за противпожарна бригада Скопје го изгасила пожарот.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.