Автобус на „ЈСП“ се запалил во движење информираше полицијата. Инцидентот се случил вчера попладне.

– На 10.08.2021 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на бул.„Кочо Рацин“ со ул.„11 Октомври“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП во движење – соопшти МВР.

Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид извршила екипа на СВР Скопје.