Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Е.(24) од село Добридол, гостиварско и Ч.И.(21) од село Топлица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување пари“ и „измама“, информира МВР.

Оттаму соопштуваат дека на 02.03.2018 година во угостителски објект во Гостивар, пријавените платиле сметка со фалсификувана банкнота од 100 евра.