Повеќе лица синоќа се тепале на улиците низ Куманово.

– На 17.06. во 01.30 часот во СВР Куманово Д.Ј.(33) и С.М.(18) пријавиле дека околу 23.00 часот додека се возеле со патничко моторно возило по улицата Моша Пијаде пред нив застанал моторцикл управуван од С.П. а зад него била и А.М. А.М. физички ја нападнала С.М. по што го напуштиле местото на настанот.

Подоцна околу 23.10 часот на улицата Трета Македонско ударна бригада застанало возило од кое излегле поголема група на лица меѓу кои и А.М., С.П., А.П., М.М. и физички го нападнале Д.Ј. Според пријавеното, откако С.М. се обидела да ги раздели, била нападната од А.П. – велат од МВР.

Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.