Фото: Игор Бансколиев

Сергеј Варошлија и Дејан Панделевски се предложени за сведоци на денешното рочиште за „Рекет“ од страна на одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13. 

Сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче Ременски, и поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ се очекува да се појават како сведоци во наредните рочишта.

Панделевски и Тодоровиќ минатата недела не дојдоа на судењето поради службено патување, односно поради службени обврски.

Јовановски е осомничен за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание и за кривичното дело перење пари, а поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, за злоупотреба на службената положба.

Зоран Милевски Кичеец, пак, е осуден на три години затвор, откако призна дека е виновен на почетокот на судењето.