Седум решенија за притвор на лица поврзани со настаните во Собранието од 27 април минатата година беа потврдени денеска од Апелацискиот суд Скопје.

Меѓу одбиените жалби е таа на режисерот Борис Дамовски. Жалбата на Дамовски се однесуваше на мерката куќен притвор.

Другите шест одбиени жалби се однесуваа на решенија за притвор, а меѓу нив се Душко Лазаров од МВР и Горанчо Ангеловски од здружението „Ќосето“.