Седум мигранти од Авганистан биле пронајдени во автомобил „ауди А8“ кај патарината кај Градско.

Според информациите на полицијата, ноќеска околу 1:30 на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „ауди А8“ и „фолксваген фејтон“, но возилата не застанале.

Околу 2:15 часот, според пријавеното, пред патарината кај Градско, било оставено возилото „ауди А8“. При преглед во возилото биле пронајдени седум мигранти од Авганистан.

Мигрантите се однесени во Прифатниот центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.