Седумнаесетгодишно момче од штипското село Зрновци загина, кога со мотор излета од патот Кочани-Зрновци. Сообраќајната несреќа се случила ноќеска во близина на место викано „Дива топола“.

В.А. итно бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде им подлегнал на повредите.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.