Фото: Илустрација

Седумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Охрид – Кичево, кога автомобилот во кој бил, а бил управуван од негов врсник, излетал од патот.

Според информациите на МВР, утрово во 3 часот кај село Ботун автомобил „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управуван од 17-годишен малолетник од село Лешани, општина Дебарца излетал од патот.

Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17-годишен сопатник од село Мешеишта, општина Дебарца од здобиените повреди починал на самото место.


Тешко повреден возач на автобус во судар со автомобил

Шеесет и двегодишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајка што се случила во Волково меѓу автобус и автомобил.

Според информациите на МВР, вчера 22.20 часот на ул.100 во село Волково, скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ј.Ј.(62) од Скопје и автобус „евробус“ со скопски регстарски ознаки управуван од М.Т.(62) од село Стајковци, Скопско.

М.Т. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.