Седумнаесетгодишна малолетничка од Скопје во полиција пријавила дека на 21 септември годинава противправно била лишена од слобода од Џ.А., со кого претходно била во љубовна врска.

Според нејзината пријава, во неговиот дом тој во повеќе наврати физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.