Седумдесет и пет годишна жена била пронајдена почината во стан во Скопје, соопшти полицијата.

Според информации од МВР, синоќа во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот стан на ул. „Никола Малешевски“ во Скопје била пронајдена почината В.Б.(75) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од Полициската станица Бит-пазар.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.