Седумгодишно дете од скопското село Цветово е во животна опасност по синоќешната сообраќајна незгода кај мостот во село Љубош кон село Батинци

Како што информираат од МВР, патничко возило „нисан навара“ со италијански национални ознаки, управувано од 32-годишен жител на скопското село Црни Врв, удрило во седумгодишното момче.

Детето од ударот добило тешки повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување, а се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.