Седумгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Виница – Берово.

Според информациите на МВР, несреќата се случила на местото наречено Кошето, во Будинарци, Беровско, кога В. Б. Л.(31) од село Митрашинци, Беровско, со автомобил „сеат алтеа“, со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во карпа.

Во незгодата тешки телесни повреди добил седумгодишниот сопатник, а телесни повреди добила В. Б. Л.

Повредените биле пренесени во болница, а увид на местото извршила екипа од одделението за внатрешни работи во Берово.