Итната седница за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор поради случајот „Рекет“, ќе биде закажана утре или задутре, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери. 

Според него, нема потреба седницата да се чека да биде одржана на 15 септември, на денот кога истекува мандатот на Јанева. 

Џафери информираше дека седницата досега не била одржана бидејќи се чекал исходот од лидерската средба која заврши без договор за Законот за јавно обвинителство.

Од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ бараат Јанева веднаш да биде разрешена со цел да се избере новиот јавен обвинител на 15 септември.