Судот не му го уважи барањето на бизнисменот Сеад Кочан за одлагање на затворската казна, соопшти Основниот кривичен суд во Скопје.

– По добивање на целокупната документација поврзана со новото барање за одлагање со отпочнување со издржување на затворската казна на еден од обвинетите во предметот „Труст“, судија за извршување санкции донесе решение со кое го отфрли барањето како недозволено и издаде наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа – стои соопштението.

Кочан е осуден на 4 години и 8 месеци затвор поради лажирање документи за учество на тендер на ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.