Шест години затвор доби бизнисменот Сеад Кочан и забрана да биде управител и одговорно лице три години, додека Василие Авировиќ доби затворска казна од три години и забрана за застапување на правно лице за потпишување на тендерска документација во времетраење од три години, соопшти судијката Лидија Трајковска Зимбовска на денешното судско рочиште во објавата на пресудата за предметот на СЈО „Труст“. 

Третообвинетиот Сафет Ватиќ се ослободува од вина, односно делото за кое се обвинува не е кривично дело според закон.

Таа додаде дека фирмите од касата на фирмите „Силекс Неметали“ и „Трансмет“ одговорни за кривичното дело треба да платат 2 милиони денари, кои треба да ги платат во рок од 30 дена од правосилност. Во случај да не можат да ја платат казната, сумата им се одбива од нивните правни следбеници, од имотот на основачите, сопствениците или акционерите на фирмите.