Тетовската полиција информира дека во деновите 7, 8, 11, 12 и 13 јуни, ќе се спроведува вежба за пукање од огнено оружје за полициските службеници на СВР Тетово во стрелиштето Еребино на десетина километри од градот. Со оглед дека истрелите ќе се слушаат, СВР Тетово упатува апел и препораки за граѓаните.

-Поради вежбата се известуваат граѓаните да се воздржат од движење или напасување добиток во непосредна близина на стрелиштето и да не се вознемируваат од пукањето. Секторот за внатрешни работи Тетово очекува разбирање од граѓаните за претстојната, редовна, професионална активност и верува дека граѓаните ќе се придржуваат на овој апел и препораки, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Организираното гаѓање на стрелиштето ќе започнува во посочените денови од 8 часот изутрина.