Сведокот Анета Георгиева рече дека Фуркан Али и Ангела Ѓорѓиевска, кои се товарат за убиството на младиот Пино Секондо, дошле кај неа во 6 часот наутро во декември 2018 година, во нејзиниот исказ пред судот за случајот со убиството на Пино Секондо. Таа се разлутила зошто ја будат толку рано, а кај неа биле приближно еден час.

По одредено време, Фуркан и’ рекол „убивме човек“. Ја погледнав Ангела и таа кажа – „да“ и толку беше. Им реков „сериозни ли сте? Тие рекоа ‘да’ и ја сменија темата”.

Сведокот кажа дека Ангела и Фуркан биле момче и девојка и дека не делувале воопшто потресени кога биле кај неа. „Двајцата беа најнормални”, рече Ѓоргиева.

Претходно сведочеше Рамиз Али, кој кажа дска бил до скопски Синѓелиќ да го собере Фуркан со девојка и дека под скалите во неговиот дом Фуркан нашол јакна под која било оставено оружје. Тој не можеше да се сети кое било женското лице кое било во возилото со Фуркан.

Дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани. По првоосомничениот Фуркан Али полицијата се’ уште трага.