Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Општина Центар изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13, 11 за неисправни и нерегистрирани возила, за возење под дејство на алкохол 16 и 13 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.