Десетмина диви тркачи со мотори се санционирани за време на акциска контрола на полицијата која била спроведена вчера на скопската обиколница.

Од нив двајца моторциклисти се приведени во Полициското одделение Петровец.

Моторциклите ќе бидат упатени во станицата за технички преглед за понатамошна постапка, информираат од МВР.