Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.01) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 153 мерки, од кои 26 за брзо возење, 15 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила, 11 за возење под дејство на алкохол, 9 за неисправни возила од јавниот превоз, 5 за минување на затворен семафор (црвено светло), 6 санкции за користење на мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.