Фото: Макфакс

Во телефонот марка „ајфон“ на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева се пронајдени истите фотографии од по 500 евра во купче, или вкупно 50 илјади евра. Ова го соопшти обвинителката Ивана Трајчева во случајот “Рекет”.

За отклучување на телефонот на обвинетата кој беше пронајден кај девојката од нејзниот син Лазар Јанев, обвинителката Вилма Русковска барала меѓународна правна помош од Министерството за правда на САД.

Обвинителството за организиран криминал и корупција барало од СЈО и лозинки од инкрептирани содржини на УСБ стикови, кои беа одземени при претресот во канцеларијата на ексспецијалната обвинителка, Катица Јанева.

Судијката даде пауза од половина час, по што ќе продолжи изведувањето на докази.