Обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од СЈО, денеска треба да сведочи за случајот „Рекет“ во Кривичниот суд.

Рустеми беше надлежен за истрагата „Поштенска банка“, за која Катица Јанева, според сведочењето на Лиле Стефанова барала да се затвори со пресметување на отштета која треба да ја платат осомничените, со што тие би се спасиле од затвор. 

Претходно сведочеа обвинителките од тимот на СЈО Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова. 

Во случајот „Рекет“ обвинети се Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13, а Зоран Милески – Кичеец призна вина, по што беше осуден на тригодишна казна затвор.