Обвинителката Вилма Рускоска денеска соопшти дека од специјалното јавно обвинителство попладнево е одземен службениот компјутер на уапсената шефица на СЈО, Катица Јанева.

Рускоска рече дека се прави и претрес во нејзиниот семеен дом во Гевгелија.

За синот на Јанева, Лазар, сѐ уште нема основано сомнение за истрагата.

Засега нема наредби за претрес кај политичари, појасни Рускоска.